Иако посмртните останки на Екрем Јевриќ требаше да бидат погребани – погребот е презакажан поради обдукција, со што ќе се утрври точната причина за смртта. полицијата нареди обдукција на телото бидејќи се сомнева дека тој можеби е убиен.
Иако првично беше соопштено дека починал најверојатно од срцев удар, и дека имал слабо срце, на полицијата и е сомнително што починал во истиот момент кога влегол во автомобилот и не успеал дури ни да го запали. Обдукцијта ќе покаже дали има нешто сомнително. Екрем Јевриќ почина вчеравечер во автомобилот пред семејната зграда во Њујорк, а за драмата која се случува во нивниот стан по смртта, низ солзи раскажува за српските медиуми вдовицата Игбала Јевриќ.
-Го најдовме во автомобилот во кој тргна на работа, синот го пронајде.Синоќа му беше добро и немаше никакви знаци дека ќе се случи ваква трагедија. Од колегите се уште никој не се јавил, а ние сме изненадени. Последно го паметам расположен, баш тоа утро пиевме кафе и јас го испратив на работа. Синот го најде и ме повика, јас првин ништо не разбрав, но кога сфатив, тој почна да ме теши и смирува. Претпоставуваме дека почина од срцев инфаркт, но обдукцијата е во тек, изјавува ужалената сопруга.