НОВИ СПОМЕНИЦИ ЌЕ НИКНАТ ВО ЦЕНТАР


Првиот човек на Општина Центар Андреј Жерновски тргнува по стапките на ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалникот кој до вчера беше жесток критичар на изградбата на спомен-обележја, сега носи одлука за изградба на нови споменици во централното градско подрачје.odluka odluka-1

Според програмата за одбележување на значајни настани, истакнати личности и маалски традиции со спомен-обележја, Општина Центар без да ја информира јавноста конспиративно донела одлука за поставување на 6-те нови споменици.

-Општина Центар ќе подигне спомен-обележја за следниве личности, настани и малски традиции: Благоја Ангеловски -кројач, Киро Глигоров, Живко Поповски- архитект, Маџирмаалски играчи на „Фанта“ и Железничка колонија“, стои во точката два од Програмата.

Во истата исто така наведено е и дека Општината може да ја проширува оваа Програма и со спомен- обележја по иницијатива на правни и физички лица во согласност со Законот за меморијалните споменици и спомен обележја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1