Дали го исклучувате компјутерот и телевизорот додека грми? Еве што може да се случи


Дали ги исклучувате компјутерите и телевизорите додека грми? Доколку не, практикувајте го тоа!

Имено, познато е дека ударите од гром и честите снемувања на струја може да направат проблем, или целосно да ги исклучат електронските уреди.

Напонот на струја кој „поминува“ низ куќата е секогаш константен. Некогаш ако тој падне одеднаш или скокне одеднаш, со тоа најмногу трпат електронските уреди.nevreme -srbija

Со самото снемување на струја може да се предизвикаат проблеми на хард дискот доколку во тој момент се запишуваат важни фајлови за оперативниот систем, но самиот хардвер нема да доживее никаква штета.

Но, брзите скокови на напонот се главнен виновник за физичките дефекти на електронските уреди.

Па така стандардниот напон на струја е 220 волти, а ударот од гром може да ослободи напон од дури неколку милиони волти, што значи дека постои можност ударот да „спржи“ некои од уредите кои во тој момент е уклучен.

Електронските уреди не може да издржат волку висок напон. А потоа уредот не е можно да се поправи. Па така единствена заштита е да ги исклучите сите уреди додека грми.

А пак што се однесува на мобилните телефони, на нив громовите немаат влијание. Струјата на овие уреди ја обезбедуваат батериите кои имаат заштита од громови.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1