Дали Јосип Броз Тито навистина бил масон?


Многу теоретичари на заговорот, но и поедини историчари и публицисти тврдат дека Јосип Броз Тито бил член на тајната организација позната како „Слободни ѕидари“ или Масони.

Тито, наводно бил член на загребската масонска ложа „Максимилијан Врховец“, а неговите масонски „браќа“ во печатот му давале невиден публицитет во текот на „бомбашкиот процес“, кога пред судот на Кралството Југославија неочекувано признал дека е член на Комунистичката партија на Југославија.tito zlato

Затоа и не треба да чуди тоа што откако Тито се врати во Белград во мај 1941 година беше сместен во една вила на Дедиње – велат поборниците на оваа теорија.

Во поглед на сомевањата дека Тито бил масон се наведува и неговиот идиличен однос со Вистон Черчил, кој наводно бил масон од 33-ти степен, пренесуваат сите медиуми.

Сепак Големата ложа на Британска Колумбија и Јукон од Канада тврдат дека Тито не бил масон. Еве како тие го опишуваат доживотниот претседател на СФРЈ.

Членот на Црвената интернационална гарда по Октомвриската револуција, Јосип Броз Тито стана член на Коминтерната во 1934 година, за да во 1948 година Сталин го исфрли.

Во текот на Втората светска војна го водел најмоќниот проект на отпорот во Европа, за да на 7-ми март 1945 година ја воспостави првата комунистичка Влада во тогашна Југославија.

Зад себе Тито има оставено мешовите наследство. Од една страна бил критикуван како авторитарен владар додека од друга страна е запаментен и препознатлив како некој кој инсистирал сите народи во Југославија да имаат загарантирано еднакви права. Имал водечка улога во Движетењео на неврзаните, а во СФРЈ на власт останува до својата смрт во 1980 година.

Теориите на заговор велат дека Тито во 1926 година станал член на масонската ложа „Либертас“ во Наполи, Италија, но реалноста е различна.

Тито всушност работел како агитатор на Комунистичката партија во бродоградилиштето во Краљевици на јарданското крајбрежје од 21 септемрви 1925 до 2-ри октомври 1926, кога преминал во леарница во близина на белград. Нема никакви докази дека во тоа време тој патувал во Наполи.

На почетокот на Втората светска војна постоеле 27 ложи со 2500 членови во Југославија. Масоните биле забранети под нацистичката власт што истото потоа го доживеале и под власта на Тито, иако непотврдени извори велат дека многу комунистички лидери биле предвоени масони.

Значи, кога ќе се земе се во предвид, т.е. односот на комунистите кон масоните, Титовата забранета ложа, како и нерегуларниот статус на италијанската масонерија во тоа време, нема причини да се верува дека Јосип Броз Тито бил масон.

Инаку за сите оние кои не знаат Слободни ѕидари или масони е братска организација која се појавила кон крајот на 16 и почетокот на 17 век. Масоните денес постојат во различни форми низ целиот свет, со членство од околу пет милиони луѓе (вклучувајќи околу 480.000 во Англија, Шкотска и Ирска, и нешто помалку од два милиони во Америка).

Сите форми на масони делат исти морални и метафизички идеали, кои во најголемиот број случаи вклучуваат изјава за верување во Бог.

Братството административно е организирано во Големи ложи, а секоја од нив си има свои јурисдикции. Исто така постојат дополнителни тела, кои се организации што се во тесна врска со масоните, но со своја независна администрација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1