Дали кашлањето може да ви помогне при срцев удар ако сте сами


Кашлањето може, и тоа само теоретски, наводно да му овозможи мала шанса на човекот при губењето на свеста, да остане уште толку свесен, за да може да повика доктор.

Но, експертите се доста скептични дека и тоа е возможно. Имено, губењето на свеста, доаѓа поради забавената или прекината циркулација на крвта, а тоа значи дека откажуваат и виталните функции и дека свесните реакции, како на пример кашлањето, се речиси неизводливи. Личноста, имено до толку брзо ја губи контролата, очите му посинуваат и паѓа во кома.

srce33Од Американската асоцијација за здравје за срце (АHA) изјавиле дека кашлањето може да биде корисно, но само во контролирани болнички услови, под одредени околности (вентрикуларна фибрилација) и мора да се прави под стручен надзор.
Имајте на ум дека каков било медицински упат, кој би можел да ви го спаси животот. треба да се прифати со претпазливост, затоа што во спротивност доколку не е проверен, на конец ви виси животот.

Официјални изјави на американските кардиолози

„The American Heart Assotiation“ не ја подржува техниката за кардиопулмунарна реанимација (CPR) кашлање. Во изјавите кои доаѓаат од оваа задруга, во 2010 година, веќе е истакнато дека кашлањето не е корисно за лицата кои ја губат свеста.
Доколку наидете на пациент кој се онесвестува, почнува да го губи здивот, му прекинува работата на срцето, веднаш започнете со процесот на реанимација – две вдишувања и петнаесет притисоци во долната третина од градната коска. Веднаш повикајте и брза помош. Првите четири минути се од клучно значење.

Може ли оваа техника да му помогне на некој?

heart-attacОд АHA велат дека кашлањето може да се забележи и во кардиолошка лабораторија и ако пациентот е свесен и приклучен на ЕКГ машините. Медицинската сестра или лекар, мора да биде присутен со цел да им даде упатства како да кашлаат и тоа при иницијалната појава на ненадејна аритмија. Овој метод не е делотворен кај сите пациенти и не смее поради тоа да се одложува вистинското лечење.
Имено во текот на ненадејна срцева аритмија (абнормален срцев ритам, или вентрикулна фибрилација) постои можност да свесната личност со кашлање го одржи протокот на крв во мозокот и да ја задржи свеста уште неколку секунди.

Протокот на крв создава посилен притисок во градите, кое се јавува за време на силно искашлување. Аритмијата предизвикана од абнормално создавање или спроведување на срцевиот импулс и обично вклучуваат неправилности во фреквенцијата и редоследот, нешто што може јасно да се забележи на ЕКГ.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1