Дали ни прети апокалипса: Открија дупка во атмосферата со пречник 14 километри


Научниците откриле дупка во Земјината атмосфера која и наштетува на озонската обвивка и им овозможува на поедини хемикалии, „без преработка“ да се пробијат во горниот слој на атмосферата.

zagadjenje-smog-cad-dim-otrovni-gasovi-1328585176-65140

Постојат стравувања дека дупката е со дијаметар од 14,5 километри чие влијание се протега на површина од неколку илјади километри на Пацификот, може да придонесе за деградација на озонската обвивка на поларните региони. Ова, предупредуваат експертите, може да предизвика климатски промени на самата планета. Најнискиот дел на атмосферата или тропосферата е пол со хидроксил (OH) радикали кои во тој слој делуваат како еден вид на детергент во атмосферата.

Тие имаат моќ да ги пробијат хемикалиите кои ги испуштаат живите организми како што се животните и луѓето, а кои ја загадуваат атмосферата. Новооткриената дупка им овозможува на опасните работи како што се сулфур диоксидот, кој е спореден производ на индустриските процеси, да побегне во горниот слој на атмосферата без филтрирање, што би можело да има погубни последици. Сулфур диоксидот се испушта во големи количини во земјите од југоисточна Азија, над подрачјето каде што е откриена опасната дупка.

Тој се одразува на сончевата светлина, што е спротивно на ефектот на гасовите, кои што можат да влијаат на стаклената градина во атмосферата. Иако ова звучи позитивно, научниците не мислат така. Тие истакнуваат дека динамичните процеси кои се случуваат во атмосферата се уште не се целосно познати, и дека не можат да го предвидат со сигурност зголеменото ниво на сулфур диоксид во горните делови на атмосферата и нивното влијание на климата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1