Упатство – Како да препознаете психопат?


Криминалистичкиот психолог Роберт Хер професор на Универзитетот Британска Колумбија е креаторот на PCL-R тест методата која се користи да се утврди дали некој е психопат и тврди дека овие луѓе не се способни за каење и сочувство и дека нивните чувства се површни.Научникот кој го посветил целиот живот на проучување на оваа тематика тврди дека дури и вашиот колега, пријател па дури и сопруг би можел да биде еден од нив!

psihopatВо екстремни случаи, сеедно им е дали ќе завршите мртви или живи. Некои од нив се насилни криминалци но тоа во никој случај не важи за сите.

Неговиот тест е едноставен. Станува збор за 20 критериуми, од кои секој носи по 0 поени (доколку не се однесува на лицето кое се тестира), 1 поен (ако делумно се однесува) и 2 (ако целосно се однесува на испитаникот).

А еве ги критериумите, кои очигледно не се во мал број:

1. Елоквентност и површен шарм
2. Огромна самодоверба
3. Патолошко лажење
4. Итрина и манипулативност
5. Недостаток на каење
6. Емоционална површност
7. Бесчувствителност
8. Недостаток на подготвеноста да се преземе одговорноста за сопствените постапки
9. Често чувство на досадување
10. Паразитски начин на живот и недостаток на реални долгорочни цели
11. Импулсивност
12. Неодговорно однесување
13. Неможност да се контролира сам себе
14. Упадливо однесување уште во рана младост
15. Малолетнички криминал
16. Различни кривични дела
17. Кршење на условата пресуда
18. Повеќе бракови/врски
19. Недостаток на сочувство
20. Промискуитетно сексуално однесување

Вистинскиот, “чист” психопат би имал 40 поени, а секој кој има 30 или повеќе, според мерилото на професорот ги “исполнува условите” за дијагноза.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1