Пензионерот Георг Лоегеринг снимил голем леден круг кој се вртел на површината реката Шејен во Северна Дакота САД.
Ледениот круг бил со дијаметар од 15 метри. Овие кругови се формираат од вртлозите кои се јавуваат само во мирните и бавни реки. Во последните години биле забележани само во Англија, Русија и на северот во САД.
Во едно списание кое објавува стории за необични природни феномени во 1987 година објавил фотографија на диск од мраз со дијаметар од 50 метри, како плови во шведската река Пит.