Дали се безбедни авионите Боинг 737? – наредена итна инспекција


САД наредија инспекција на најпопуларните патнички авиони по извештаи за делови подложни на корозија кои можат да го дестабилизираат авионот. Американските претставници на безбедноста во воздухопловството наредија проверка на над 1.000 авиони од типот Боинг 737 за да утврдат дека авионот е безбеден за летање.

avionФедералната администрација за авијација издаде наредба во понеделникот велејќи дека шрафови наклонети на корозија инсталирани на опашката на најпопуларниот патнички џет во светот може да резултира во „намален структурален интегритет“ и да предизвика пилотите да изгубат контрола врз авионот доколку шрафовите откажат.

Безбедносните проверки се однесуваат на 1.050 авиони и можат да ги чинат американските  авиокомпании повеќе од 10 милиони долари. Странски регулатори кои често го следат примерот на САД, најверојатно ќе наредат такви проверки на уште стотици од овие популарни авиони со два мотори.

Проверките се наредени по извештаите за некоректна процедура користена при премачкување на шрафовите со средство за заштита од корозија.

Иако нема извештаи за несреќи од оваа причина, но деловите под сомнение помагаат во обезбедување на хоризонталните стабилизатори на авионите што го  контролираат движењето нагоре и надоле.

Извор – VOA

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1