Меѓународната возачка дозвола задолжителна за сите кои со возило сакаат да ја напуштат Македонија. И покрај двојазичноста на новите национални биометриски возачки дозволи сепак и понатаму за управување со возило надвор од земјава ќе ви биде потребна и меѓународна дозвола.
Иако бројни примери во соседството го говорат спротивното, сепак возачите не треба да бидат изненадени доколку вон границите на Македонија бидат санкционирани за непоседување меѓународна возачка дозвола, пишува Прес 24.
Меѓународната возачка дозвола оди во комплет со националната возачка дозвола и нејзината важност е 3 години.
Граѓаните недоволно информирани за кои држави им треба меѓународна возачка дозвола.
Иако кон крајот на 90-тите Македонија потпишала билатерални договори со Италија, Шпанија и Франција за управување со моторно возило само со поседување на национална возачка дозвола, сепат тие договори до ден денешен останале нератификувани од нивна страна.