Дали сте деновиве Омалаксани, со главоболки, болки во грб и нозе – Еве што ви е


Биометеоролошките услови се лоши. Како што информира УХМР, во пладневните часови кај поголемиот број луѓе можна е појава на главоболки, но и болки во колената, грбот и вратот.

Вечер е можна општа слабост, а кај некои и чувство на тежина во главата. Во ноќните часови болките од ревматски карактер, но и оние од артритични промени, ќе бидат поизразени.

glavobolka

Во следните денови под влијание на многу топла воздушна маса ќе има позначителен пораст на дневните температури, а особено топло ќе биде во среда и четврток кога температурите на југоистокот од земјата ќе достигнат и до 40 степени.

Во четврток претпладне ќе биде и понатаму доста топло, а попладне ќе настапи преодно наоблачување со локален, повремено пороен дожд и грмежи, што ќе донесе спуштање на дневните температури во петок за 3 до 4 степени. Во петок ќе дува и умерен до повремено засилен претежно северен ветер. Од сабота повторно ќе биде стабилно и потопло. Вредноста на УВ индексот за време на викендот ќе биде 8.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1