Дали сте го виделе овој човек? Сите го сонуваат – никој не го познава


Во јануари 2006 година во Њујорк, пацеинет познат во фелата на психијатрите во Њујорк, го нацртала ликот на човек кој што постојано и се појавувал во сон и кој и давал совети за нејзиниот приватен живот.
Портретот останал на масата кај психијатарот, а по неколку дена друг пациент го препознал човекот кој што исто така му се појавувал во неговите соништа, а претходно како и пациентката го немал видено во животот.

covek vo sonПсихијатарот се одлучил да го покаже портретот на дел од негови колеги, кои исто така работат со пациенти со рекурентни соништа. Во рок од неколку месеци, четири пациенти признале дека човекот често се појавувал во нивните соништа.
Од јануари 2006 година, до денес, најмалку 2000 луѓе, во повеќе градови во светот, меѓу кои Лос Анџелес, Берлин, Сао Пауло, Техеран, Пекинг, Рим, Барселона, Стокхлом, Париз, Њу Делхи Москва и др. тврделе дека го виделе овој човек во нивните соништа.
Во моментов не постои утврден однос или заедничка особина меѓу луѓето кои го сонувале овој човек.
„Секогаш кога го сонувам човекот, ми покажува слика и ми вели дали можам да го препознаам татко ми на истата. Човекот на сликата воопшто не изгледа како татко ми. Откако ќе му одговорам со не, во тој момент се разбудувам. Во други соништа, се наоѓам на надгробната плоча на татко ми и сваќам дека ја нема неговата фотографија“, вели еден од пациентите.
„Секогаш кога ќе го сонувам се заљубувам во него. Иако морам да признаам дека не е многу убав, секогаш ме изненадува со романтични гестови и слатки зборови. Ми купува цвеќина и накит и ме носи на вечера или на плажа да го гледаме зајдисонцето“, вели друга пациентка.

Постојат неколку теории преку кои може да се објасни мистериозното постојано присуство на овој човек. Следните теории се оние кои предизвикуваат најголем интерес меѓу сонувачите на овој човек.

Архетип теорија

Според психоаналитичката теорија на Јунг, овој човек е слика на Креаторот, односно една од формите во кои самиот Бог се манифестира денеска. Ова е причината зошто неговите укажувања и зборовите кои што ги вели за време на сонот треба да се следат од сонувачите.

Верска Теорија

Според оваа теорија овој човек е образ на Создателот, односно една од формите во кои самиот Бог се манифестира денеска. Ова е причината зошто неговите укажувања и зборовите што ги користи за време на сонот треба да биде проследен од сонувачите.

Сон сурфер Теорија

Ова е најинтересна теорија и една од оние кои имаат најголеми импликации, но исто така има најнизок науен кредибилтет. Според оваа теорија овој човек е вистиска личност, која може да влезе во сонот на луѓето со помош на специфични психолошки вештини. Некои веруваат дека во реалниот живот овој човек изгледа како човек во сонишатата. Другите мислат дека човекот од соништата изгледа сосема различен во неговиот реален живот.

Сон имитација теорија

Ова е научно психо-социолошка теорија. Во суштина, кога луѓето се изложени на овој феномен тие остануваат длабоко импресионирани од погледот на овој човек во нивните соништа.

Признавање теорија

Оваа теорија вели дека соништата на овој човек се чисто случајни. Нормално ние не се сеќаваме точно на лицата што ги гледаме во нашите соништа. Сликата на овој човек би била инструмент, кој во будниот живот на субјектот, го олеснува признавањето на недефинираната слика.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1