Меѓу 20 и 40 отсто од Европејците имаат сини очи, а точната причина не е позната. Се претпоставува дека се работи за генетска мутација. Односно, дека тој ген преживеал затоа што луѓето со таа боја на очи се сметаат за физички попривлечни, па имале и повеќе можности за размножување.
Познато е дека луѓето се раѓаат со сини очи кои со време стануваат зелени, црни, кафени или остануваат сини. Сепак, новото истражување покажа дека синооките луѓе почнале да се појавуват само пред 10.000 години, а сината е „најмлада“ боја од наведените.
Бојата на очите се одредува од количеството на пигменти во ирисот на окото. Многу пигменти значи – кафени очи, помалку пигменти – зелени очи, малку или ниту најмалку пигменти – сини очи. Дури 16 гени ја одредуваат бојата на очите, но два главни се HERC2 и OCA2 со тоа што HERC2 служи како прекинувач кој го активира OCA2, а тој потоа ги активира протеините кои ги произведуваат пигментите.
Секој човек има по два вида гени од родителите. Така што ако еден од родителите има прекината функција, односно сини очи, а другиот нормална функција на гените, односно кафеави очи, тогаш детето сигурно ќе има кафеави очи.
Ако и двајцата родителите имаат мутирана или прекината функција на ОСА2 генот, постојат 25% шанси и детето да има сини очи.