Лекарите на протест за поддршка на нивниот колега


Јас сум Љубомир Огненовиќ – Со вакви транспарентни и мети за гаѓање , здравствени работници од скопските клиники денеска половина час протестираа во знак на поддршка на повредениот хирург од Дигестивна.

– Сигурни сме дека д-р Љубомир Огњеновиќ брзо ќе се опорави и ќе продолжи како и досега со својата хуманост и знаење да им помага на пациентите. Со верба во него, веруваме и во себе дека заеднички ќе ги надминеме овие моменти и уште посплотени ќе ја продолжиме нашата хумана мисија, изјави Емилија Стојановска од Клиниката за дигестивна хирургија.LEKARI PROTEST

Од Синдикатот на скопските клиники кои го организираа протестот велат дека пукањето со огнено оружје во лекар само ја прелеало чашата и ги сплоти вработените во здравството. Бараат системски промени кои вклучуваат закон за докторска дејност, дополнителна работа  без условувања, преиспитување на Мој термин и плаќање по учинок, заштита на достоинството на белиот мантил.

– Тоа значи дека сме за соработка. Ова е еднодневен протест кој се надеваме дека надлежните институции ќе го разберат и понатаму ќе имаме рамноправна комуникација, изјави Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на скопските клиники.

ога ние велевме дека не сакаме чип картички, вие одбравте, кога велевме да не ги уценувате специјализантите, вие одбравте, кога велевме директори не вршете мобинг, вие одбравте , изјави Предраг Серафимовски од Клиника за максилофацијална хирургија.

Вратите на Дигестивна хирургија и денеска се затворени за пациентите. Примаат само итни случаи. Вака според најавите ќе функционираат до утре. Право на искажување на револт на лекарите вчера го поддржа и министерот Тодоров.

 Се случи многу сериозен криминален чин и со право докторите се револтирани и реагираат. Ние сме во комуникација со нив. Но, тоа што е најважно за нас е да се смири состојбата тука, да се создадат услови за нормално функционирање, а од друга страна ниту еден пациент да не трпи поради тоа, вели Никола Тодоров, министер за здравство.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1