Дали сте суеверни, Верувате ли во пречуство и знаци? – прочитајте го ова и ќе поверувате


Претчувства имаат сите, но клучното прашање кое се наметнува е дали се тие резултат на шестото сетило, виши сили или пак, страв, односно одбивност кон нешто.Постојат многу необични и необјасниви настани, за кои имаме пречуство ден претходно или имаме необјасниви грчеви, мачнина на делови од телото, различни мистериозни звуци, соништата, итн. sueverija2b

1. Кошмари кои се оствариле

Американката Кети Лејтон имала застрашувачки кошмари неколку недели пред планираниот пат со сопругот во Кина и Малезија. Како што се приближувал датумот за тргнување, имала сè понепријатно чувство, па поради тоа набавила четири „кукли за ослободување од грижата“, како заштита или за среќа. Ќерките ѝ рекле дека е смешна и не им придавале некое значење на нејзините претчувства. Кети била толку згрижена што едната кукла ја земала со себе. Таа и нејзиниот сопруг на 8 март се качиле на малезискиот авион MH370.

По веста за исчезнувањето на авионот, нивните ќерки отишле во домот, но никогаш не го дознаа конечното објаснување за тоа што се случило со нивните родители, освен дека исчезнале. Во домот ги пронашле трите кукли, а стравовите на нивната мајка тогаш добиле ново значење. Секоја земала по една кукла за сеќавање.


2. Знаел дека неговиот татко е мртов

На почетокот на 2009-та израелската офанзива на појасот Газа била беше постојано бомбардирана и на сите страни умираа луѓе. Шестгодишното момче Бараа Абд ал Раман Бадави се разбудило во плач после гласна експлозија и на мајка си ѝ кажал како сонувал дека татко му умира. Момчето неутешно плачело, а еден ден потоа неговиот татко починал заедно со неговиот вујко во експлозија. Од тој ден момчето живее во страв за својот и животот на блиските.


3. Се зарекол дека неговото име ќе го слушне целиот свет

Мајк Браун е убиен на 8 август 2014 во трагичен инцидент кој го вознемири светот. Осумнаесетгодишното момче е убиено по расправија со полицаец во Фергусон, Мисури. Верзијата на полицаецот е дека ги игнорирал неговите повици да застане, додека сведоците тврдат дека Мајк стоел во место со рацете во воздухот. Судот го ослободи полицаецот од вината, но случајот доби огромен публицитет, па беше повод за бројни протести на сметка на расната дискриминација.

Неговата мајка тврди дека еден месец претходно тој постојано имал крвави соништа и почнал да ја прашува за Бог и за смртта, како никогаш претходно.


4. Му кажал на татко му дека никогаш веќе нема да се видат

Грег Бакли бил американски војник во Авганистан задолжен за обучување на тамошните војници уште од 21 година. По караницата со Авганистанците кои ги обучувал, почувствувал голема вознемиреност која ја пријавил кај надредените. Им кажал дека чувствува дека локалците би можеле да се свртат против Американците. Во телефонски разговор со неговиот татко, му рекол дека ако за неколку месеци не си дојде дома, тогаш никогаш нема да се врати. Неколку дена потоа, Грег е убиен од момче кое го подучувал.


5. Приказната за принцезата Дајана

Шест години по нејзината смрт, нејзиниот батлер Пол Барел му откри на светот дека има нејзино писмо во кое таа пишува дека ќе биде убиена. Во него пишувало дека принцезата смета дека постојат луѓе кои посакуваат таа да умре и дека нејзината смрт ќе ја претстават како сообраќајна несреќа. Барел тврди дека Дајана дури и именувала некоја конкретна личност, за која сметала дека тоа најмногу го посакува, но тоа никогаш не го открил. Мотивот за тоа, наводно бил за принцот Чарлс да може потоа да се ожени со својата сакана Камила.


6. Баш не сакал да замине…

Неколку дена пред планираниот пат до кај неговата баба на Бали, 11-годишниот Мигуел Пандувина постојано ја препрашувал својата мајка за Бог и за тоа што се случува со душата откако ќе умреме. Пред тоа, момчето не го интересирало такви теми и неговата мајка Самира се чудела на неговите прашања. Како што му се приближувало времето за летање, така расположението му се влошувало, а мајка му цело време го држела во прегратки за да го смирува.

Следниот ден Самира се смирила бидејќи Мигел бил поведар и се дружел со своите браќа. Откако се поздравил со неговата мајка, но и пред да се качи во авионот уште еднаш се вратил за да ја прегрне. Ја прашал што ќе се случи ако авионот се сруши, но таа го разубедувала дека нема. На крајот излегло дека тоа им била последна прегратка, бидејќи 2 часа по полетувањето ја известиле дека авионот паднал.

Популарните суеверија или кај нас уште познати како „бабини деветини“ си постојат низ годините и се пренесуваат од колено на колено или едноставно ги прифаќате од пријателите кои ве окружуваат.

Постојат ли суеверија до кои се придржувате?

sueverie 2Еве неколку најпопуларни.

Црна мачка

Велат дека кога црна мачка ќе ти го пресече патот носи голема несреќа. За таа несреќа да се избегне треба, да се вратите назад и вашето патување да го продолжите по друг пат. Некои пак велат дека треба да плукнете три пати.

Низ минатото црните мачки биле убивани токму поради овие суеверија.

Отворање чадор во домот

Несреќата, наводно, станува поголема ако овој чин се направи во ноќта, но зошто… не се знае. За ова воопшто и не се коментира. Табу тема.

Чукање во дрво

Во дрво се чука затоа што, според верувањето, ако не се чукне злото може да ја слушне приказната и да ја расипе и уништи. Се чука во дрво и кога се зборува за нешто што се очекува да се случи и потајно се надеваме на тоа, па ако не чукнеме веруваме дека нема да се случи. Чукањето во дрво е пагански обичај за луѓето да им се приближат на демоните во куќата со цел да не ги вознемируваат и така им се давало до знаење на демоните дека луѓето можат да сметaат на нивната добрина.

Свртување на лебот наопаку

Ова суеверие може тесно да се поврзе со религијата, што претставува парадокс, затоа што лебот го отсликува телото на Исус. Како последица „може да се појават“: несреќа во парите, појавување на брадавица на раката со која е свртен лебот, а доколку лебот не се врати назад се претпоставува дека целиот ден ќе ви биде наопаку.

Седење на аголот од масата за време на јадење

Според верувањата, оној кој седи на аголот од масата нема да се ожени/омажи.

Свиркање во домот

Во моментот кога свиркате во домот ги повикувате глувците да дојдат во вашиот дом, а доколку се веќе присутни со свиркањето ги мотивирате да се парат.

Црвен конец околу раката

Црвен конец околу раката се носи против урок и магија. Обично се става на малите деца. Посебно на децата кои се уште не се крстени кои се поподложни на уроци и зли дела.

Фрлање отпадок во ноќта

Некои луѓе избегнуваат да го фрлаат ѓубрето во ноќните часови, иако правилата и законите во повеќето држави го налагаат тоа да се прави токму навечер. Непридржувањето кон ова суеверие може да ве навлече на мал баксуз кој нема да трае долго.

Конец на облеката

Ако на одредено парче облека најдете црн конец, на вас мисли русокоса девојка/момче. А ако тоа биде пак бел конец, на вас мисли црно момче/девојка.

Чешкање на дланката

Ако ве чеша десната рака се верува дека ќе излезат пари од вашиот дом. А ако ве чеша левата рака, тоа значи дека ќе добиете пари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1