Дали Топаловски во афект го извршил двојното убиство – Колкава казна го чека


Топаловски беше уапсен во 2012 година во Доминиканска Република, од кога почна процедурата на негово испорачување во земјава. Топаловски од аеродромот „Александар Велики“ веднаш е спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари каде што во притвор ќе се соочи со истражните органи.

ubistvo gjorgjiСпоред Kривичниот законик, со затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што со умисла ќе лиши од живот две или повеќе лица. Осомничениот има право да се брани со молчење.

Обвинетиот може да избегне максимална казна доколку се утврди дека станува збор за убиство на миг.

Законот вели дека оној што ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување, ќе се казни со затвор од една до пет години. Веднаш по убиството, очевидци тврдеа дека виделе како убиените го тепаат Топаловски, по што тој зел пиштол од својот автомобил и ги застрелал. Тоа остава можност осомничениот да се брани дека ги убил напаѓачите во самоодбрана или, пак, реагирал импулсивно и поради тепањето во афект пукал во Филип и во Благоевиќ, а потоа ги прегазил со автомобилот додека бегал.

Убиството се случи на 22 ноември 2007 година околу 15 часот на булеварот Илинденска, спроти Зоолошката градина во Скопје.

Полицијата тогаш информира дека Благоевиќ и Филип го чекале Топаловски затоа што им должел голема сума пари за која се шпекулираше дека станува збор за 10.000 евра. Топаловски со својот автомобил „ситроен Ц4“ се паркирал на импровизираниот паркинг спроти цвеќарницата „Грин планет“ во зградата до тогашната амбасада на САД. Таму го пречекале убиените, кои почнале да го тепаат Топаловски оти не им ги дал парите. Во еден момент осомничениот зел пиштол од автомобилот и ги застрелал Џиџи и Моско.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1