Дали ве присушкуваат? – еве во кои ситуации судот може да нареди да ве следат без да знаете


Никој не смее без наредба на надлежен суд да врши следење на комуникациите, освен ако му се наменети или постои согласност на лицето или лицата кои се вклучени во комуникацијата, Порталот ПРАВДИКО пишува во кои случаи може да бидете следени и прислушкувани.

telefon spionСледење на комуникациите се остварува под услови определени со Законот за следење на комуникациите на начин и во постапка со која не се загрозуваат човековите слободи и права.

Судот може да нареди следење на комуникациите кога постојат основи на сомневање дека се подготвува, во тек е извршување или е сторено кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, како и за кривични дела за кои постојат основи на сомневање дека се подготвуваат, во тек е извршување или е сторено кривично дело од страна на организирана група, банда или друго злосторничко здружение, заради обезбедување податоци и докази неопходни за успешно водење на кривичната постапка, кои на друг начин не можат да се обезбедат или нивното обезбедување би било сврзано со поголеми тешкотии.

Судот може да нареди следење на комуникациите и за кривичните дела од Кривичниот законик:

– неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  ,
– изнуда   ,
– уцена  ,
– перење пари и други приноси од казниво дело  ,
– криумчирање  ,
– царинска измама  ,
– злоупотреба на службената положба и овластување  ,
– проневера во службата  ,
– измама во службата  ,
– послужување во службата  ,
– примање поткуп  ,
– давање поткуп од членот ,
– противзаконито посредување  ,
– незаконито влијание врз сведоци  ,
– злосторничко здружување  ,
– терористичка организација  ,
– тероризам  ,
– кривични дела против државата и
– кривични дела против човечноста и меѓународното право,
како и за кривични дела сторени преку средствата за електронска комуникација.

Барање за донесување наредба за следење на комуникациите, до судот го поднесува надлежниот јавен обвинител по сопствена иницијатива или на предлог на овластено лице од министерот за внатрешни работи.

За барањето за следење на комуникациите истражниот судија одлучува најдоцна во рок од 72 часа од поднесувањето на барањето.

Со наредбата за следење на комуникациите истражниот судија ќе дозволи следење на комуникациите за време што е неопходно потребно, но не подолго од 30 дена сметано од денот на нејзиното донесување, а доколку овластеното лице  оцени дека има потреба да се продолжи со следење на комуникациите, должно е до надлежниот јавен обвинител да достави посебен извештај во кој ќе ги наведе резултатите од следењето на комуникациите со предлог за продолжување на рокот за следење на комуникациите, во кој посебно ќе ги образложи причините поради кои се предлага продолжувањето.

Во случај кога надлежниот јавен обвинител предлага продолжување на рокот за следење на комуникациите пред неговото истекување, истражниот судија може, пред истекот на тој рок да донесе наредба за продолжување на рокот за следење на комуникациите, за време не подолго од 30 дена од денот на истекот на рокот, чие продолжување се предлага.

Ако податоците собрани со следење на комуникациите, до донесување на решение за спроведување на истрага или податоците што се уништени се објават во јавноста, граѓанинот кој поради тоа претрпел штета има право на судска заштита и надомест на штета.

Повеќе на – ПРАВДИКО

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1