Дали Заев ќе ги уценува граѓаните со материјалите што ги има?


Зоран Заев во вчерашното интервју на 24 вести изјави дека на некои луѓе ке им подели папки со неовластено снимените материјали, а наводно потоа ќе го уништел материјалот, пишува Курир.

– Некои луѓе за себе ќе ги добијат папките, кои нема да бидат објавени, а потоа, на крајот јавно ќе го уништиме целиот материјал, рече Заев при гостувањето во 24 Анализа.zaev

Ова не е ништо друго освен уцена, коментираат експертите. Според нив, на овој начин Заев сака со поделување на материјалите да ги држи во заложништво и под постојана уцена лицата на кои ќе им ги подели неовластено стекнатите и поседувани материјали, кои би требало да бидат под постојана закана дека тие материјали би биле објавени доколку тие не се покоруваат и не ги следат слепо желбите на Заев.

Експертите коментираат дека оваа порака пред се’  е насочена кон сопартијците и коалиционите партнери на Заев, кои на тој начин би станале обични марионети во рацете на струмичкиот градоначалник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1