Има надеж: Ќерката на Витни Хјустон ги отвори очите!


Состојбата на Боби Кристина Браун (21) се подобрува, потврдила сестрата на нејзиниот татко Боби Браун, Леола Браун. Боби Кристина полека ги отвора очите.

Во интервјуто за американската телевизија „Фокс 5“, Леола, ги потврдила изјавите на лекарот дека ќерката на Витни Хјустон полека закрепнува.kristina vitni hjuston

– Знаеме дека ги отвора очите. Тоа е вистина, ги отвора очите и прави уште неколку работи. Криси сега е добро – изјавила Леола.
Сестрата на Боби Браун додала дека постојат многу назнаки кои покажуваат дека девојчето ќе биде добро.

– Закрепнува. Се подобро и. Само ги молиме луѓето да продолжат да се молат – изјавила Тина Браун, сестрата на Боби за весникот „Њујорк Дејли“.

Обожавателите и следбениците на Боби Кристина одржале бдеење со свеќи за нејзиното закпренување во понеделникот.

Да потсетиме, овие денови медиумите пренесоа дека Боби Кристина ќе биде исклучена од апаратите кои ја одржуваат во живот и тоа денеска, на тригодишнината од смртта на нејзината мајка.

Боби Кристина, единственото дете на Витни Хјустон и Боби Браун, е пронајдена на 31 јануари онесвестена во кадата, без знаци на живот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1