Во последно време се развиваат низа тези, кои можеби се погрешни, недокажани, а наметнуваат искривена слика за востанието – вели историчарот Ванчо Георгиев за Дневник.
Објаснува дека констатациите оти било прерано или задоцнето се наједноставниот одговор кога не се прави анализа на настаните. Од друга страна, историјата не е егзактна наука, па оттука одговори со „да“ или „не“ се невозможни поради комплексноста на тогашните односи и констелации.
Не може да се обвини или да се каже дека едниот избрзал или другиот се вклучил подоцна, и двајцата имале чесна намера да се ослободи македонскиот народ, и тука се можни грешки, но историографијата не дала конечен одговор дали се доцнело – нагласува професор Новица Велјановски.
Смета дека тоа прашање лебдело уште од формирањето на ВМРО, оти 50-60 години претходно во светот се кревале востанија со успешен, но и со неуспешен крај.
Одлуката да се крене востанието е за почит, оти, од друга страна, како што потенцира Професор Ѓорѓи Малковски, не постои доказ дека ако било поинаку, ќе било поуспешно.
Вклучувањето на Јане Сандански подоцна, ете, било исто надеж дека ако не успеало првото, можеби второто ќе биде. Па следува: што би било кога би било. Едно е јасно, намерата била да се ослободи и да се создаде чисто македонска држава и македонска територија – децидно завршува професорот.
Мислењето на повеќе историчари прочитајте го на – Дневник