И ЈСП ќе одмора – редуциран автобуски превоз викендов


Во наредните три дена, по повод националниот празник Илинден, автобусите на ЈСП-СКОПЈЕ ќе сообраќаат по неделен возен ред.

avtobus nov jspОтстапки од неделниот возен ред утре ќе има кај автобусите со број 52, 53, 60, 61, 71, 74, 80А и 81  кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Ноќните линии ќе сообраќаат по возен ред како за петок спрема сабота. Линијата за Милениумски крст ќе сообраќа по неделен возен ред. Автобусот со број 59 од Кисела Вода и Ново Лисиче нема да сообраќа за гробишта Бутел.

Во сабота отстапки од неделниот возен ред ќе има кај автобусите со број 15 и 15А, кои ќе сообраќаат по делничен возен ред, а автобусот со број 8 по саботен возен ред поради „Аква-паркот“.

Автобусите со број 47А, 52, 53, 55, 60, 61, 67, 71, 74, 80А и 81 ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во недела ќе се вози по стандардниот неделен возен ред.

Граѓаните, во врска со превозот може да се информираат кај диспечер на телефон 02/3173-224.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1