Дангов: Не постојат услови за кривично гонење на ниту еден од обвинетите – ќе вложиме жалба


Се реализираа повеќемесечните пишувањата во дел од медиумите, како и предупредувањата на опозицијата, па и на самите обвинети во случајот „Тенк“. Судот денеска пресуди, 6 години и шест месеци затворска казна за Ѓоко Поповски, поранешениот помошник министер за внатрешни работи и две години казна затвор за поранешниот премиер Никола Груевски за набавката на блиндираниот „Мерцедес“.

По изрекувањето на пресудата, во изјава за медиумите одбраната истакна дека е незадоволна од донесената одлука на судот и ќе поднесат сериозна жалба.

-Како одбрана во овој предмет силно жалиме што Основниот суд Скопје 1 не ја прифати нашата силна аргументација која со леснотија ќе го победеше овој суд при изрекување на пресудата да донесе ослободителна пресуда. Не само тоа, но да донесе ако милуваше така, одбивателна пресуда. Од причина што не постојат услови за кривично гонење на ниту еден од обвинетите. Сигурно сме незадоволни и ќе вложиме сериозна жалба против ваквата пресуда на овој суд, истакна Димитар Дангов, еден од адвокатите на одбраната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1