И покрај големата популарност, Даниел Кајмакоски, момчето за кое зборува и по кое воздивнува цела поранешна Југославија, стои цврсто на земја. Македонецот кој успеа да влезе во полуфиналето, како и Фифи, важи за исклучително скромен и ненаметлив, а тоа го потврдува и самиот.
– Во принцип, скромен сум и не сакам да се наметнувам. Сум работел се и сешто и не се срамам од тоа. Бев градежен работник во Виена, цели три години работев на плацови и на објекти. Немав друг излез, ја оставив музиката и решив да почнам да заработувам. Кога дознав за Икс фактор, решив да оставам се, ги спакував куферите и дојдов во Македонија – откри Кајмакоски, кој во епизодата “Куќата на судиите” ја отпеа песната “When I was your men” од Бруно Марс, а Жељко Јоксимовиќ и Тони Цетински по неговата изведба прокоментираа дека токму нашиот Даниел има светски икс фактор.
Другиот полуфиналист од нашата земја е Фифи, кој/а заедно со Маринела, ќерката на Џогани, ја отпеа песната I was here од Бијонсе.
Во моментов Даниел и Фифи престојуваат во Будва и се во исчекување на полуфиналната вечер, која ќе се емитува на 7 јануари.
Vecer.mk