Даниел Кајмакоски: За скандалот дознавме утрово од новинарите!


Ние сега се освестуваме од вчерашното славење и од новинарите кои ни се јавуваат дознавме дека имало некакво апсење.

Никој ниту дошол да не уапси, ниту да ни ја одземат победата, изјави за Вистина.мк Антонио Павловски, пријателот на Даниел кој е со него од самиот почеток на кариерата и е дел од неговиот менаџерскиот тим.

Во изјава за „Вечер“ Кајмакоски затечен и шокиран од целата ситуација која фрла сенка врз неговата победа вели дека ниту на него ниту на неговиот тим не им е таков принципот на работа и смета дека музиката треба да биде само убава работа, а не арена за израмнување сметки.

daniel evrovizijaПоследните случувања со нерегуларноста при гласањето фрлија дамка врз изборот и доведена е во прашање неговата победа, патот за Виена и наградата од 20.000 евра.

-Добив покана да учествувам, ниту се туркав да влезам на фестивалот ниту молев, па зошто би местел. Ниту мене ниту на мојот тим не ни е таков принципот на работа. Луѓе да ја оставиме музиката да биде само убава работа, а не арена за израмнување сметки, вели Камакоски за весникот.

Од МВР потврдуваат дека неколку лица се приведени само на информативен разговор и дека нема уапсени, како и дека имаат докази оти е направена измама со телефонски картички што влијаело на конечниот евровизиски исход.

МВР проверува кај кого оделе гласовите од 1000 сим картички. За сега нема информации за кого била наменета измамата со телевоутингот на Скопски Фестивал

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1