Даниел призна: Досега сите ме тапкаа по рамо, но никој не помагаше!


Даниел Кајмакоски, момчето од Струга со австриска адреса на живеење, е првиот победник на големиот музички натпревар во кој учествуваа кандидати од сите земји од екс Југославија. 

daniel 544“Зборовите некако не ми доаѓаат и многу ми е тешко нешто да кажам, цел живот го чекав овој момент кога ќе ги видам мајка ми и татко ми горди. Тоа ми успеа вечерва”, со солзи во очите рече Даниел по победата, не криејќи ја возбудата што токму тој е првиот регионален Х Фактор победник, кој дома си замина со 10.000 евра, нов автомобил, можност за снимање албум и два спота.

“Ќе дадам се од себе музичката бајка да продолжи, но прво што ќе направам ќе бидат неколку дена одмор. Потоа одиме напред. Не знам со кого ќе работам и што, но од мене музика ќе има дефинитивно”, вети Даниел, кој меѓудругото призна дека досега имал мака да ги најде вистинските луѓе за соработка.

“Најмногу ме нервираше тоа што сите ме фалеа, но никој ништо не ми нудеше. Ми требаше само поддршка, и затоа сакам некогаш да имам училиште преку кое ќе им помагам на младите луѓе. Но за тоа – потоа. Сега прво следува турнејата со Кики и Х Фактор турнејата…”, додаде Даниел кој откри дека веќе не се враќа во Австрија и дека сега останува на домашен терен, а уште рече и дека Жељко бил одличен ментор со кого би сакал да продолжи да соработува.

Вечер.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1