„Скопски фестивал 2014“ ќе се одржи на 12 ноември, во предвечерието на „Денот на ослободувањето на Скопје“, со почеток во 20 часот и 30 минути.
20 нови композиции ќе бидат изведени во живо, придружувани од Ревискиот оркестар на МРТ, составен од врвни музичари. Како место на случување се предвидува сцената на Метрополис Арената во Скопје, а како водител на фестивалот и оваа година треба да го видиме познатиот македонски актер, Васил Зафирчев.
На конкурсот објавен од страна на МРТ пристигнаа импозантен број композиции, од коишто селектираните 20 ќе бидат изведени од дел на најетаблираните интерпретаторски имиња на македонската музичка сцена.
Редоследот на настап на селектираните композиции и интерпретатори ќе биде одреден по пат на жрепка на неколку дена пред фестивалот.
Како што изјави уметничкиот директор на фестивалот „ Скопје 2014 “ – Валентино Скендеровски: Селектираните композиции ( засега со работен наслов) , влегуваат во фаза на музичко, текстуално и аранжерско дообликување, по што ќе следува и нивно снимање во едно од музичките студија на Македонската Радио Телевизија .
01. Север –Југ – Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски
02. Ало – Лена Заткоска
03. Во твојот свет – Александра Јанева
04. Знам – Наде Талевска
05. Сакам да летам – Сања Ѓошевска
06. Ми фали некој како тебе – Викторија Лоба
07. Миг без тебе – Горан Наумовски и Сања Керкез
08. Сонце низ облаци – Лидија Кочовска и Марјан Стојановски
09. Сакам да летам – Вера Јанковиќ
10. Да не те сакам – Евгенија Чанчалова
11. Совршена бура – Даниел Кајмакоски
12. Брод што тоне – Тамара Тодевска
13. Марија – Александар Тарабунов и Тони Михајловски
14. Се што ти ветив – Димитар Андоновски
15. Само за тебе – Верица Пандиловска
16. Пеколно ми недостасуваш – Тања Царовска
17. Длабоко во себе – Мијата
18. Ни Љ од љубовта – Јоце Панов
19. Срце чува спомени – Александра Михова
20. Блуз – Сашо Гигов-Гиш
Оваа година, според мислењето на македонската јавност, победникот на Скопскиот фестивал ќе ја претставува МРТ и Македонија на јубилејниот 60-ти Избор за песна на Евровизија во Виена 2015.
Победникот на фестивалот ќе се определи според евровизискиот принцип на гласање по пат на телевоутинг и меѓународно стручно жири во сооднос 50 : 50 %.
И годинава, на Скопскиот фестивал ќе бидат доделени вредни парични награди, од кои едната за животно дело, којашто МРТ и овојпат ја доделува на личност , чијшто авторски и професионален кредибилитет е неодминливо поврзан со востановувањето и афирмацијата на Скопскиот фестивал, но исто така и со историјата на македонската забавна музика и музичка култура воопшто.
Новото издание на фестивалот на забавни мелодии „ Скопје 2014 “ коешто оваа година е во знакот на одбележување на двата значајни јубилеи за Македонската Радио Телевизија :70 години на Македонското Радио и 50 години на Македонската Телевизија , и оваа година ќе биде незаборавен музичко сценски спектакл кој на македонската публика и музичката јавност, ќе ù го доближи чувството за присуство на фестивал од највисок ранг.