Србин нашол лото ливче – добитно било и си зел милиони – арно ама се јавил сопственикот


Замислете да пронајдете добитно лото ливче, да потрошите добар дел од парите и потоа да се појави вистинскиот сопственик на добитното ливче и да го побара она што му следува назад? Што би направиле во таков случај?

Речиси и да не постои жител на Земјата кој не сонува за во негова сопственост да се најде токму она, добитното, лото ливче кое ги поседува “таинствените” добитни броеви. Меѓутоа, реалноста е сепак малку поинаква, па за таква среќа е потребно сепак малку повеќе…

lotoВо оваа приказна, извесен господин Павловиќ едвај го дочекал 7 часот во утрото за да си тргне дома после ноќната смена. После 30 години стаж стекнат во образованието, тој останал без работа па бил принуден да работи како ноќен чувар. Тој никогаш не се коцкал, но играл лото од својата 20-та година, и тоа без исклучок секоја недела.

Додека бил студент имал една добитна “петка” и имал неколку “четворки”, а “тројките” никогаш не ги изброил. Целиот живот говорел дека за среќа се потребни само седум броеви и ништо повеќе.

Враќајќи се кон својот дом, додека чекал да светне зелено светло на семафорот, ветерот оддувал едно пополнето лото ливче во неговиот автомобил, и тоа со заокружена само една комбинација.

На господинот Павловиќ не му требало многу за да сфати дека тоа се броевите кои биле токму изминатата вечер извлечени. После речиси 35 години, решението на сите негови животни проблеми лежело токму во неговите дланки.pari -loto

Тој ги вратил своите кредити, кредитите на сопругата, дури и на својот зет. Го решил стамбеното прашање на своето семејство, потрошил дел од сретствата на патување и автомобил, го сменил животниот стил, накратко кажано, господинот Павловиќ станал нов човек.

Се додека еден ден не добил телефонски повик на кој извесен машки глас му рекол…

– Господине Павловиќ, лото ливчето кое го пронајдовте е мое. Имам доказ дека јас го пополнив и имам доказ дека јас го уплатив. Но имам и доказ како завршило кај вас. Имате месец дена да ми ги вратите сите пари назад. Пријатен ден господине Павловиќ! – изјавил грубиот и необично смирениот машки глас, кој веднаш потоа ја прекинал врската не оставајќи му на господинот Павловиќ ниту секунда да каже било што.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1