Даниел успеал сам да стаса до болница – но не можеле да го спасат


Вистина.мк  ја пренесува информацијата добиена од „Авалон продукција“ дека Даниел вчеравечер враќајќи се од својот вообичаен „Крос Фит“ тренинг на пат кон дома почувствувал тегоби и здравствени потешкотии.

danielMilosevski-300x228И покрај тоа успел некако да стигне до поликлиниката „Јане Сандански“, каде здравствената состојба драматично му се влошила и сите обиди да се реанимира биле неуспешни, по што Милошевски починал, најверојатно од срцев удар.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на Градските гробишта во Бутел, а погребот ќе биде во 14 часот.

Браќата Даниел и Бобан Милошевски беа едни од најуспешните во областа на шоу бизнисот, не само во Македонија, туку и на Балканот, правејќи ги најголемите концерти на најпознатите домашни, екс југословенски, но и светски ѕвезди.

Лени Кравиц, Били Ајдол, Боб Дилан, Џорџ Бенсон, Вајтснејк, ЗиЗи Топ, Леб и сол, Балашевиќ, Пинк, Хртс… се само дел од ѕвездите кои Даниел и неговата Авалон чии концерти ги изработија кај нас и со што се издвоија како најуспешна концертна агенција во последните години не само на локално ниво, туку и на регионално. Секако, тука и е последниот концерт на несреќната Ејми Вајнхаус во Белград, Даниел беше дел од тимот кој се грижи за кариерата на Каролина Гочева, а низ неговите раце ѕвезди станаа Нокаут, Ареа, Тоше Проески…

Од 1993 година кога ја создаваат Авалон продукција до сега во своето портфолио имаат запишано преку 250 концерти.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1