Даниела Мартиновиќ заврши во болница!


Поради слабост хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ, после неколку прегледи била задржана во болница од страна на невролозите. Даниела Мартиновиќ во јавноста за последен пат се појавила минатиот викенд, кога одржала концерт.

Пеела и играла на својот настап, како врвен професионалец, со насмевка на лицето, а додека делела автограми, никој не ни помислувал дека едвај стои на нозе.petar-graso-daniela

Првиот напад на вртоглавица го имав пред една година и три месеци. Тоа некако помина и продолжив да живеам нормално се до минатата недела кога во станот во Загреб ме фати слабост попратена со јака вртоглавица. Сето тоа се случи додека бев сама дома, и во првиот момент неможев да се сетам на кој да му се јавам. Во ова време сите се на годишни одмори, исклучени телефони. Многу ми се вртеше, имав чувство дека се плива околу мене. Кога се смири малку се сетив на една пријателка, и се јавив и и кажав како се чувствувам, а таа во истиот момент ми рече дека не смееме да чекаме и мораме да одиме до болница, рекла Даниела која после прегледот била задржана во болница.

Во болница поминала два дена и една ноќ, а потоа на лекарите им објаснила дека мора да оди на концерт.

Бендот веќе беше тргнат на пат, публиката го чекаше тој концерт и неможев да ги изневерам, рекла Даниела, а после настапот по неа дошол долгогодишното момче Петар Грашо и ја одвел во неговиот дом во Сплит.

Vistina.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1