Тинејџерка на дно од езеро најде злато од 16.000 евра


Во текот на разладувањето во езерото Кенигзе, 16-годишна Германка пронашла златна плочка со тежина од околу половина килограм, чија вредност полицијата ја проценува на 16 илјади евра.zlato-cene-pad-berza-1339068170-171946

Девојката од федералната земја Северна Рајна-Вестфалија која летувала во Баварија, ја пронашла златната плочка додека нуркала на дното од езерото Кенгизе познато по своите бистри води на длабочина од само два метра. Таа, како чесен пронаоѓач, најдената златна плочка со тежина од 17,6 унци ја предала во полицијата.

Тестирањето покажало дека станува збор за вистинско злато. Но не било можно да се утврди оштетената изгравирана ознака на златната плочка најдена во езерото во германските Алпи во близина на границата со Австрија и е познато како најчистото езеро во Германија.

Полицијата, пак, сега си го поставува прашањето како оваа златна плочка завршила на дното од езерото. Обидите на нуркачите да пронајдат други плочки на дното, завршиле без успех.

Експертите од одделот за кривичните дела се обидуваат да го утврдат потеклото на вредниот предмет. Медиумите потсетуваат дека и во минатото ова езеро се доведувало во врска со исчезнатото нацистичко злато, но според сите индиции, оваа плочка не е поврзана со нацистичката ера.

Макфакс

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1