Непосредно пред завршниот збор за судењето, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението за тројца обвинети во предметот.
Тогашната советничка, Даниела Рангелова, Борче Богдановски и Милан Андоновски се ослободени од обвинението.
„ Сега си ја докажав правдата и сега можам слободно да се пресметам со тие што ме обвинуваа. Со овие аргументи сега, излегува токму спротивното – она што го тврдеше Мицкоски и компанија, сега можеме лично да се пресметаме на еден дуел“, изјави Даниела Рангелова.
Обвинети во предметот остануваат Никола Груевски, Миле Јанакиески, Александар Трајковски и уште неколкумина кои одговараат за насилство.
Обвинителката Фетаи во својот завршен збор побара алтернативна казна за уште еден обвинет, додека за Никола Груевски и Миле Јанакиески предложи максимална казна која изнесува пет години затвор.
Според одбраната, со измената на обвинението се менува и основата за кривична одговорност кај останатите обвинети.
Судењето продолжува во понеделник со завршни зборови на Миле Јанакаиески и уште четворица обвинети.