Даниела се уште ја нема – сопругот очаен моли за помош од граѓаните


Поминаа веќе четири ноќи, откако мојата сопруга е исчезната. Полицијата нема никаков траг, нема ништо ново. Не знаеме каде да ја бараме, не знаеме што се случило.

Ова го изјави Дамјан Пецевски, сопруг на Даниела, медицинската сестра од Драчево, кој е исчезната од понеделникот, кој е скршен од болка.

Даниела е мајка на три деца, од кои две се малолетни. Дамјан тврди дека немале никакви проблеми и целото семејство било во шок од нејзиното исчезнување.

-Вознемирени сме, ако било кој има некаква информација, нека пријави во полиција, или пак нека ме бараат мене на телефонскиот број 076 360 309, апелира сопругот, пренесе Фокус.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1