Дарко Лешоски се повлекува од Струшки вечери на поезијата


Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам. Се повлекувам и се откажувам од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Се заблагодарувам на укажаната доверба и останувам посветен на мојот примарен ангажман во Сервисот за односи со јавност на Владата. Нека биде ова почеток на една поинаква демократска практика.

Ова го изјавил Лешоски во разговор за Дојче веле.

Тој вели дека е убеден дека можел да им даде нов мирис и да внесе нов ветер на Струшките вечери на поезијата.

– Но, сепак почуствував дека ова мое убедување не се совпаѓа со некои мислења, кои ги почитувам, како што реков. Се разбира, без оглед дали сум дел од Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, или не, без никаква двојба останувам отворен за секаква помош кон оваа манифестација и враќањето на нејзината некогашна слава која несоменено ја заслужува, пред сѐ, мојата родна Струга, а потем и нашата земја. Ќе се борам да се слушне гласот на различните поетики, а најмногу гласот на поетесите на овој фестивал. Ќе дадам сѐ од себе да ги слушнам стиховите на една млада Сабрина Бенаим, Варсан Шире и други. Mоите визии и мојата несебична помош ќе им бидат отстапени на сите актуелни или идни чинители вклучени во оваа манифестација. Претседател на Управниот одбор на Струшките вечери нека е некој што нема да се вика Дарко Лешоски, но некој што ќе се нафати да ја направи оваа манифестација онаква каква што заслужуваат сите искрени и вистински љубители на поезијата – вели Лешоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1