Детскиот шарм, доброто срце и секако неверојатниот талент му донесоа на Македонецот Давид темелков успех и слава на Икс-Фактор, каде секогаш предизвикува восхит и овации и од жирито и од публиката. Како што пишува 24сата, неговиот живот го промениле два настани кога за влакно и побегнал на смртта.
22-годишниот Македонец за влакно и побегнал на смртта кога вежбал во теретана. На пејачот му паднало стакло на раката, на три милиметри од главниот нерв кој ги поврзува мозокот и раката. Имал среќа што останал жив. Втората несреќа на младиот Давид му се случила неодамна.
– Се возев со такси и имав сообраќајна несреќа. Еден автомобил налета на нас, а возеше со двеста на час. Не се сеќавам ништо, но ми велат дека сум го извлекол и таксистот и себе од такси-возилото кое било во пламен, вели Давид кој заработил потрес на мозокот, но е среќен што останал жив.
Вели дека животот му се сменил по несреќата и дека сега се научел да ги цени и малите нешта, а Икс-Фактор е едно од најубавите работи кои му се случиле во животот.