Дебарчанец уценувал жена ,,или пари или голите фотки на фејс,, – му давала злато


Триесетитри годишен дебарчанец, кој се заканувал на негова 29-годишна сограѓанка дека на интернет ќе објави нејзини компромитирачки фотографии ако таа не му плати 2.000 американски долари, заработи кривична пријава за уцена.

mito_1Полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против 33-годишниот С.С. Тој пред извесно време од 29 годишна жителка на  Дебар побарал да му плати 2.000 американски долари, заканувајќи и се дека во спротивно на интернет страниците ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина.

Жената се сретнала со него во саботата, при што му дала поголемо количество златен накит, а потоа го пријавила случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1