Почна трката за нов лидер на СДСМ – Црвенковски нема да навива


Централниот одбор на СДСМ вечерва треба да го означи почетокот на подготовките на конгресот што треба да се одржи на 2 јуни, на кој треба да биде избран нов претседател на СДСМ.

sdsm-328x320Засега единствено се знае дека досегашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, ќе отстапи од кормилото. Извори на Плусинфо тврдат дека Црвенковски нема да се приклони кон ниту еден од претендентите во трката за лидерска позиција.

Најсериозни кандидати да го преземат водството на партијата се двоецот Зоран Заев – Радмила Шеќеринска, Игор Ивановски и Зоран Јовановски.

Претходно, Кире Наумов, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање, јавно призна дека има желба да стане лидер на СДСМ, а провладини медиуми тврдат дека тој ја има поддршката од Владо Бучковски и други поранешни членови на партијата.

Плус Инфо

КИРЕ НАУМОВ ЌЕ ГО СИМНУВА БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ОД ТРОНОТ
И ШЕМА ВЛЕГУВА ВО ТРКА ЗА НАСЛЕДНИК НА ЦРВЕНКОВСКИ

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1