Дебатата Клинтон-Трамп ја гледале рекордни 80,9 луѓе


Рекордни 80,9 милиони гледачи биле телевизиски аудиториум синоќа за дебатата меѓу Хилари Клинтон од Демократската партија и Доналд Трамп од Републиканската партија. Со тоа е урнат рекордот од 1980 година, објави компанијата за маркетинг истражувања Нилсен.tramp-klinton

Првичните податоци од четирите најголеми телевизии во САД покажаа дека вчерашната 90-минутна дебата нема да надмине 100 милиони гледачи, како што очекуваа аналитичари.

Во 2012 година првата дебата меѓу Барак Обама и тогашниот кандидат на републиканците Мит Ромни ја следеа вкупно 67,2 милиона гледачи.

Најгледана предизборна дебата во САД досега беше меѓу Роналд Реган и Џими Картер во 1980 година. Таа дебата ја гледаа 80,6 милиони луѓе. Вчерашната дебата меѓу кандидатите за претседател беше првата од вкупно три пред изборите на 8 ноември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1