ДЕБИТНИ КАРТИЧКИ: Како да платите помалку за минусот на сметка


– Дел од експертите советуваат кога сте во можност, секогаш да уплаќате дел од долгот или барем каматата пет до седум дена пред таа да достаса. На тој начин избегнувате да се пресмета затезна камата во случај да го надминете дозволениот минус.

cards_1774129b– Потоа, периодот во кој го одржувате активен минусот на дебитна или кредитна картичка обидете се да го минимизирате колку што е можно повеќе бидејќи на рок од една или две години повеќе ви се исплати да земете ненаменски кредит отколку да одржувате минус на картичка.

– Ако префрлате од една сметка на друга само за да „се покриете“, секогаш внимавајте да оставите неколку стотици денари на сметката затоа што банките редовно пресметуваат камата, а и провизија. На пример, секое известување по пошта или телефон дека имате минус на картичка ќе го платите вие, а не банката.

Според НБРМ, во Македонија досега се издадени над 1,5 милион картички, од кои најмногу се дебитни, или околу 1,2 милион, а кредитни се повеќе од 310 илјади.

Телеграф.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1