Железничката пруга кај Идомени на грчко-македонската граница денеска е деблокирана, по 30 дена, пренесе МИА.
Грчката полиција побарала од бегалците да ги отстранат шаторите кои ги имаа поставено на пругата во знак на протест против затворање на границите.
Полицијата соопшти дека операцијата е завршена без никакви тензии.