Дечиња со температура со часови чекале пред амбулантите за преглед


Метеж на инфективна. Болни дечиња со висока температура, сипмтоми на грип и вируси најчесто завршуваат пред ординациите на Клиниката за инфективни болести.

Матичните лекари и дежурните педијатри децата со сомнителни симптоми не ги прегледуваат, туку ги советуваат родителите веднаш да ги носат дечињата на Клиника. Родители за Алфа се жалат – за преглед кај дежурниот лекар на Клиниката вчера вечер чекале со часови. Дежурната аамбулантата била преполна.

Од Здравствен дом Скопје, под чија надлежност работат дежурните педијатри признаваат дека има зголемен обем на работа. Апелираат до родителите за детските настинки прво да се консултираат со матичен лекар бидејќи тој најдобро ги познава своите пациентчиња. За итните случаи, пак велат достапен е дежурен педијатар во Поликлиниките Јане Сандански и Ѓорче Петров.

Во дежурната служба на Детската клиника засега немале зголемен број на пациенти. Ноќната служба во просек прегледувала околу 50-тина дечиња, што според надлежните е вообичаено за овој период од годината.

Инаку, во институтот за јавно здравје веќе се регистрирани 45 ново заболени од грип или вкупно 60 откако почна сезоната на вируси.

Alfa.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1