Дечињата од поплавените реони ќе гостуваат во Охрид


Главниот туристички центар продолжува со помош за настраданите во Скопско . На покана на детската градинка Јасна Ристеска 28 деца на возраст од 4 до 6 години ќе бидат сместени во објектот Росица се со цел да им се разубави секојдневието во овие тешки мигови . Најмладите за време на престојот ќе посетат културно историските знаменитости ,музеи, уметнички настани и ќе се рекреираат на охридските плажи.ohrid 34

Синоќа на градскиот плоштад голем број нa eстрадни уметници настапија на хуманитарниот концерт а од страна на Црвениот крст беа поставени пунктови за финансиска и материјална помош.

Граѓаните и туристите кои одмараат на брегот на охридското езеро ја покажаа својата хуманост донирајќи средства за настраданите.

Од локалната самоуправа најавија дека ќе продолжат мерките за помош а на барање од Бирото за Судски вештачења, тим од седум овластени проценители вработени во општина Охрид се приклучија во проценувањето на штетата во поплавените подрачја.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1