Стабилна е здравствената состојба на децата од Делчево, на 7 и 4 годишна возраст што во неделата попладне по грешка испиле лекови за срце, мислејќи дека се бонбони. Итно биле пренесени на Детската клиника во Скопје.
Од Детска клиника информираат дека не се веќе на терапија, и дека лекарскиот надзор ќе заврши кон крајот на неделава.
Децата ги нашле лековите додека си играле, а навремената реакција на Итната помош од Делчево ги спасила од несакани последици.