Фероз Кан, жител на градот Лудиан, 300 километри северно од Њу Делхи, како што се тврди, го киднапирал внукот веднаш по раѓањето на почетокот на овој месец.
Кан побарал помош од двајца привремено вработени во локалната болница, во која се породила неговата ќерка. Тие пронашле „муштерија“ преку Фејсбук и договориле продажба на детето за околу 830 долари. Сатиш Малхотра, висок полициски службеник, соопштил дека биле уапсени сите три лица кои учествувале во продажбата на детето, а ќе биде испитан и бизнисменот кој дал пари за купување на детето.
Полицијата го спасила бебето и го вратила на нејзината разведена мајка, Нури Кан, која поднела тужба против својот татко. Доколку се докаже дека учествувале во киднапирањето на бебето, за што се обвинети, тројцата уапсени би можеле да бидат осуден на седум години затвор.
Индиската сојузна полиција во 2011 изнела податок дека во земјата има 815 банди, со вкупно повеќе од 5000 членоци, вклучени во киднапирања на деца, кои најчесто се користат за проституција и питање.