Дедо Мраз забранет во Узбекистан


Узбекистан е непријателски настроен кон празниците, кои не се сметаат за доволно локални и се обидува да ги укине на секој начин.

Најновата информација која ја објавува Ројтерс, повикувајќи се на руски и узбекистански веб сајтови, вели дека Влада на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов го забрани и Дедо Мраз. Ова не е прва небулоза на оваа земја. Во 2005 забрани и празнувањето на Нова година.

Според информациите властите им затраниле на телевизиите во своите програми да прикажуваат симболи кои асоцираат на руските православни симболи меѓу кои спаѓа и Ded Moroz и неговата помошницка ,,Snegurochka,, или во превод дедо мраз и баба мразица, како и други симболи кои се премногу руски.

Властите забранија во еден период и странски рап – со оправдување дека ја промовираат узбекистанската музика. А  во февруари ги откажаа концертите, посветени на празникот Свети Валентин и наместо тоа организираа читање на поезија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1