Видео: Ова е фоторобот на мистериозниот слеп патник кој од авион падна на улица во Лондон


Мистериозното момче кое во јуни падна од авион дирекно на една лондонска улица најверојатно успеал да се сокрие во авионот во Ангола. Според последните информации момчето успеало да се качи во просторот над авионските тркала, а поради ниските температури на голема висина или измрзнал и изгубил свест или пак го згмечиле авионските тркала, покажала истрагата.

Момчето испаднало од авионот пред слетувањето на Хитро во Лондон. Се претпоставува дека во моментот кога се спуштиле тркалата тој испаднал од делот каде се криел. Паднал дирекно на една од лондонските улици, насекаде имало крв а телтото поради истрагата стоело со часови. Овој бизарен случај на ,,мртовецот кој падна од небото,, се уште не е расветлен.

Британската полиција се уште не го знае идентитетот на момчето и изработи фоторобот и бара било какви информации за мистериозниот слеп патник. Единствено што е кај него пронајдено се неколку анголски банкноти, а се наоѓал во авион кој доаѓал од Луанда.

Се проценува дека има околу 20-30 години, слаба градба, носел фармерки и сива мајца со капуљача.

На интернет е објавена и анимација за тоа како е можно да се случила несреќата во која загина мистериозниот Анголец.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1