Дедо Владо преживеал две војни, четири држави и знае многу претседатели – наполни 100 год


Еден од најстарите кумановци Владо Станишковски кој вчера го прослави стотиот роденден преживеал две војни, четири држави и кој знае колку претседатели.

Овој витален старец со мали проблеми на видот и слухот го дочека столетието на своите плеќи во кругот на многубројното семејството.

DEDO-1-– Здравјето почна слабо да ме служи, нозете ме болат, стоте години тежат, не се носат лесно. Семејството многу ми помага  изјави дедо Владо Станишковски.

Здравата храна не е причина за долговечноста на дедо Владо. Добрината, искреноста и чувството на задоволство од таквиот чесен и мирен живот полн со мака но и оптимизам придонело овој човек да преживее цел век и да влезе во единаесеттата деценија од животот.

-Дедо ми ќе го опишам како добар, искрен човек, човек кој никогаш не зборува лоши работи, одлично е да се живее со него и сум горд на својот дедо изјави Сашо Станишковски внук на дедо Владо.

„Сакаат четирите деца да јадат, а татко ми и браќата ме избркаа во едно сопче ама јас се снајдов, не бирав работа. Тогаш можев ама сега веќе не можам“,  изјави дедо Владо Станишковски.

Дедо Владо дочекал 11 внуци и 14 правнуци кои му даваат волја за живот.
На роденденот се собра целото семејство а го посетија и претставници од Општината како и од Здружението на пензионери.

Шестмина кумановци родени на почетокот на минатиот век веќе ја минале стотката, а најстариот мегу нив има 104 години.

Видео на – Канал 5 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1