Дедото на Ивана која ја уби гром: За мене веќе нема живот, јас ја однесов во смрт


Во ходникот на Интерната болница во Крушевац, дедото на малата Ивана која ја уби гром заедно со нејзината другарка Анѓела, ја проколнувал судбината која ги снајде. Семејството се спремало за свадба на најстарата ќерка, а место тоа, среќните моменти се претворија во трагедија.devojcinja

– За мене веќе живот нема. Што не ме погоди мене гром, а не неа. Моето злато го нема. Јас со автомобил ја однесов кај другарката дојдена од Швајцарија. Што да правам да се убијам ли сега, вели Зоран, дедото на Ивана.

Лекарите се обиделе да ја реанимираат Ивана, реанимацијата траела еден час, но залудно. Лекарите биле немоќни.

За разлика од неа, Анѓела починала на лице место од ударот.

Дедото на загинатото девојче чувствува вина бидејќи последното што таа му го рекла било да ја однесе кај другарката, а со тоа ја однел во смрт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1