Дехари не отпуштал вработени, туку само хонорарци Македонци


Откако вчера беше објавено дека новиот градоначалник на Кичево почнал да им дели откази на вработените Македонци во локалната самоуправа, тој ги обвини медиумите дека вршат пресија врз општината, пишува плус инфо.

dehari kicevo– Македонските медиуми имаат тенденција да прават пресија врз Општина Кичево. Тие треба проблемот да го барат на друго место. Општина Кичево е во тешка финансиска состојба, со големи долгови, кои ќе ги објавам наредните денови.

Имаме преголем број вработени кои дојдоа од претходните општини. Не се работи за отказ на вработени со редовен однос, но за 10-15 лица, кои беа политички манипулирани од претходниот градоначалник за предизборниот период, кои ги вработувал по договор на одреден период. Значи, се работи за вработувања извршени во јануари-февруари и за политички манипулирани лица – објаснува тој.

Според поранешниот претседател на Советот Ѓорѓи Сајкоски со систематизацијата не само што нема преваботеност, туку недостигаат 40-ина нови кадри, а во Општината има доволно средства за исплата на плати.Тој му порача на Дехари, јавува ТЕЛМА.

„Да биде градоначалник за сите, да не прави етнички или верски тензии во градот Кичево, затоа што ги немало никогаш, а мислам дека ги прави со овие чекори“, вели Сајкоски, од ВМРО ДПМНЕ-Кичево.

„Во фактичкава ситуација избркани сме од единица каде што се уште недостигаат вработени и се во алармантно црвена ситуација не можат да одговорат на потребите на градот“, вели Тони Спироски, еден од пожарникарите кои добиле отказ за Телма.

– Со моја наредба е поставено албанското знаме пред општината, а за другите знамиња, тоа не е точно, оти граѓаните нив сами ги поставиле пред неколку месеци, оти тоа им било волја – вели Дехари.

Plus Info

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1