„Дејли Телеграф“: Гадафи е жив, убиен е негов двојник?! (ФОТО)


„Дејли Телеграф“ тврди дека британската тајна служба МИ 6 направила таен план како симнатиот либиски лидер Моамер Гадафи да биде префрлен во друга африканска земја и да не биде убиен, тврди „Дејли Телеграф“.

Според пишувањата на „Дејли Телеграф“, планот наводно бил направен во соработка со првите луѓе на Велика Британија и дека полковникот се крие во Екваторијална Гвинеја.foto-comparaciones

Оваа земја има блиски врски со Велика Британија, а позната е по изворите на нафта и на големата корупција. Весникот тврди дека на снимките на неговата егзекуција е неговиот двојник.

Официјално Гадафи беше убиен од страна на бунтовниците во 2011 година во Сирт кога се обидувал да побегне во Нигер.

Медиумите веќе тврдеа дека „убиениот“ Гадафи има поинаква форма на ушите, челото, носот и јаболчниците од „вистинскиот“ Гадафи.

Оние што тврдат дека не бил убиен Гадафи туку негов двојник, посочуваат оти медиумите во минатото постојано известувале за двојниците на полковникот. Гадафи наводно имал над 30 двојници, најмногу од авторитарните лидери, кои ги користел за лична безбедност.

На пример, француски „Фигаро“ објави за Ахмед Гадаф ал Дам, роднина на Гадафи, кој толку многу личел на бившиот лидер што луѓето едвај ги разликувале.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1