Легендарниот Дејвид Боуви, кој почина на 10 јануари 2016 година, не знаел дека има неизлечива болест додека го снимал последниот албум „Блекстар“ – се тврди во нов документарец на Би-би-си.
Според документарецот „Дејвид Боуви: последните пет години“, исклучително талентираниот Боуви дознал дека има рак на црниот дроб три месеци пред да почине.
Во документарецот, режисерот на спотот „Лазар“, тврди дека Боуви открил дека има смртоносна болест кога бил на половина од снимањето на спотот, во ноември 2015 година.
– Дејвид рече: Само сакам да имам спот со едноставна изведба. Веднаш реков дека песната „Лазар“ би требало да биде во кревет, за мене тоа мора да има библиски аспект, нема врска со неговата болест – раскажал режисерот во документарецот и додал дека кога почнале последните третмани за болеста, дознал дека болеста победила.
Последниот албум на Боуви е снимен на почетокот на 2015 година и се сметаше за проштален подарок за фановите, но најновите тврдења го негираат тоа.